поврати 1

Глагол, свршен

Значење на поврати:

1. Врати некого назад, натера да се врати. Само што излезе, таа го поврати. Носталгијата нè поврати во крајот наш роден.

2. Врати, добие назад нешто одземено, изгубено. Одвај успеа да поврати нешто од тоа што му го национализираа. Се надеваше дека судот ќе му го поврати имотот.

3. Врати нешто во претходна состојба. Поврати вера. Поврати снага. Поврати надеж. Поврати расположение.

4. Освести; излекува. Одвај со вода ја повратија. Го удираа по лицето за да го повратат. По долго лекување успеале да го повратат.

5. Одговори, возврати. Сакаше да му поврати, ама се воздржа.

Коњугација: повратат.

Изведени зборови:

  • повраќање, глаг. им. ср.
  • (се) повраќа, глаг. несв. (се) повраќаат
  • се ~ поврати, 1. Се врати, дојде назад. Се поврати нешто да си земе. 2. Се врати претходната состојба. Животот во селото пак се поврати. Зимата се поврати. Смелоста им се поврати. 3. а) Си дојде на себе, се освести. Стана свесен за сè, наполно се поврати. б) Закрепне, заздрави. По операцијата, се поврати. Го понудија со ракија, да се поврати.

Фразеолошки израз / поговорка:

Болеста го поврати ‒ повторно се разболи.

Оригинални податоци:

поврати1, повратат св. 1. Врати некого назад, натера да се врати. Само што излезе, таа го поврати. Носталгијата нè поврати во крајот наш роден. 2. Врати, добие назад нешто одземено, изгубено. Одвај успеа да поврати нешто од тоа што му го национализираа. Се надеваше дека судот ќе му го поврати имотот. 3. Врати нешто во претходна состојба. Поврати вера. Поврати снага. Поврати надеж. Поврати расположение. 4. Освести; излекува. Одвај со вода ја повратија. Го удираа по лицето за да го повратат. По долго лекување успеале да го повратат. 5. Одговори, возврати. Сакаше да му поврати, ама се воздржа. ● се ~ 1. Се врати, дојде назад. Се поврати нешто да си земе. 2. Се врати претходната состојба. Животот во селото пак се поврати. Зимата се поврати. Смелоста им се поврати. 3. а) Си дојде на себе, се освести. Стана свесен за сè, наполно се поврати. б) Закрепне, заздрави. По операцијата, се поврати. Го понудија со ракија, да се поврати. ◊ Болеста го поврати ‒ повторно се разболи. ‖ (се) повраќа, (се) повраќаат несв. ‖ глаг. им. повраќање ср.