поврати 2

Глагол, свршен

Значење на поврати:

Исфрли низ уста храна од желудникот; изблуе. Болниот пак повратил. Му се слоши, за малку ќе повратеше.

Коњугација: повратат.

Изведени зборови:

  • повраќа, глаг. несв. повраќаат
  • повраќање, глаг. им. ср. повраќање Ми (ти, му ...) ● се ~ Чувствува нагон да поврати. Од тоа му се повраќа.

Оригинални податоци:

поврати2, повратат св. Исфрли низ уста храна од желудникот; изблуе. Болниот пак повратил. Му се слоши, за малку ќе повратеше. ‖ повраќа, повраќаат несв. ‖ глаг. им. повраќање ср. Ми (ти, му ...) ● се ~ Чувствува нагон да поврати. Од тоа му се повраќа.