повреди

Глагол, свршен

Значење на повреди:

1. Нанесе некому телесна повреда. Замавнал со рака и му го повредил окото.

2. (прен.) Нанесе некому душевна болка (со збор, постапка и сл.). Внимаваше да не ги повреди со подигнат глас или со претеран гест.

3. Наруши ред, прекрши пропис, закон и сл.

Коњугација: повредат.

Изведени зборови:

  • повредување, глаг. им. ср.
  • се ~ повреди, Си нанесе телесна повреда. Се повредил на работа.
  • (се) повредува, глаг. несв. (се) повредуваат

Оригинални податоци:

повреди, повредат св. 1. Нанесе некому телесна повреда. Замавнал со рака и му го повредил окото. 2. (прен.) Нанесе некому душевна болка (со збор, постапка и сл.). Внимаваше да не ги повреди со подигнат глас или со претеран гест. 3. Наруши ред, прекрши пропис, закон и сл. ● се ~ Си нанесе телесна повреда. Се повредил на работа. ‖ (се) повредува, (се) повредуваат несв. ‖ глаг. им. повредување ср.