повремен

Придавка

Значење на повремен:

1. Што се јавува, што се случува одвреме-навреме. Имал повремени болки во градите. Повремено наоблачување.

2. За весник, публикација ‒ што излегува во определени денови, рокови; периодичен. Повремено списание.

Членувана форма: повремениот.

Изведени зборови:

  • повремено, прил. Повремено го наболува. Повремено се печати.

Оригинални податоци:

повремен, повремениот прид. 1. Што се јавува, што се случува одвреме-навреме. Имал повремени болки во градите. Повремено наоблачување. 2. За весник, публикација ‒ што излегува во определени денови, рокови; периодичен. Повремено списание. ‖ повремено прил. Повремено го наболува. Повремено се печати.