површина
Значење на површина:
1. Горната, надворешната страна на нешто (вода, земја, предмет итн.). Нечиста површина. Мазна површина. Плива по површината на водата.
2. а) Земјиште како предмет на мерење, измерена единица, целина. Посеани површини. Располага со мали површини. Површини под тутун. б) Горниот слој на земјата. Рудата се копа по површината.
3. (мат.) Надворешна граница на геометриско тело.
Множина: површини.
Фразеолошки израз / поговорка:
(Ќе) излезе на површината ‒ (ќе) стане познато.
Оригинални податоци:
површина, мн. површини ж. 1. Горната, надворешната страна на нешто (вода, земја, предмет итн.). Нечиста површина. Мазна површина. Плива по површината на водата. 2. а) Земјиште како предмет на мерење, измерена единица, целина. Посеани површини. Располага со мали површини. Површини под тутун. б) Горниот слој на земјата. Рудата се копа по површината. 3. (мат.) Надворешна граница на геометриско тело. ◊ (Ќе) излезе на површината ‒ (ќе) стане познато.