поврзе

Глагол, свршен

Значење на поврзе:

1. Врзе, спои, соедини едно со друго (со врзување, спојување, вклучување и сл.). Кога ги поврза жиците, светилките светнаа.

2. Воспостави сообраќајна врска меѓу две населени места, области итн. (со пат, мост и сл.). Мостот на реката ги поврза двата дела од градот.

3. Овозможи некому врска, контакт на некаков начин. Јас ќе те поврзам со организацијата. Поврзете ме, ве молам, со секретарот.

4. (прен.) Установи врска меѓу одделни појави, доведе во врска едно со друго (постапки, настани, мисли итн.). Се сеќаваше на многу детали, но не можеше да ги поврзе во една целина.

Коњугација: (ќе) поврзеа , (ќе) поврзев , (ќе) поврзел, поврзаа , поврзав , поврзал , поврзан , поврзат , поврзете , поврзи .

Изведени зборови:

  • поврзување, глаг. им. ср.
  • се ~ поврзе, Стапи во врска, оствари контакт еден со друг (непосредно, по телефон и сл.). Трет пат ѕвонам и не можам да се поврзам.
  • (се) поврзува, глаг. несв. (се) поврзуваат

Оригинални податоци:

поврзе, поврзат; поврзи, поврзете; поврзав, поврзаа; поврзал; поврзан; (ќе) поврзев, (ќе) поврзеа; (ќе) поврзел св. 1. Врзе, спои, соедини едно со друго (со врзување, спојување, вклучување и сл.). Кога ги поврза жиците, светилките светнаа. 2. Воспостави сообраќајна врска меѓу две населени места, области итн. (со пат, мост и сл.). Мостот на реката ги поврза двата дела од градот. 3. Овозможи некому врска, контакт на некаков начин. Јас ќе те поврзам со организацијата. Поврзете ме, ве молам, со секретарот. 4. (прен.) Установи врска меѓу одделни појави, доведе во врска едно со друго (постапки, настани, мисли итн.). Се сеќаваше на многу детали, но не можеше да ги поврзе во една целина. ● се ~ Стапи во врска, оствари контакт еден со друг (непосредно, по телефон и сл.). Трет пат ѕвонам и не можам да се поврзам. ‖ (се) поврзува, (се) поврзуваат несв. ‖ глаг. им. поврзување ср.