повте
Значење на повте:
1. Посака, почувствува желба. Силно му ја стегна раката, повте да го прегрне, но се воздржа. Повте нешто да им каже, да ги утеши.
2. Се обиде нешто да направи. Повтел да избега. Повте да прескокне. И тој повте да отклучи.
Коњугација: повтат , повтеа , повтев , повтел , повтен, повтете , повти .
Изведени зборови:
- повтува, глаг. несв. повтуваат
- повтување, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
повте, повтат; повти, повтете; повтев, повтеа; повтел; повтен св. 1. Посака, почувствува желба. Силно му ја стегна раката, повте да го прегрне, но се воздржа. Повте нешто да им каже, да ги утеши. 2. Се обиде нешто да направи. Повтел да избега. Повте да прескокне. И тој повте да отклучи. ‖ повтува, повтуваат несв. ‖ глаг. им. повтување ср.