повтори
Значење на повтори:
1. Направи нешто (кажано, извршено итн.) исто по втор пат или повеќепати. Го повтори прашањето. Ја повтори лекцијата. Повтори постапка. Повтори успех. Повтори грешка.
2. Обнови во мислите нешто (кажано, научено, видено итн.), обично со заменката си. И тогаш си ги повтори зборовите на учителот. Си ја повтори сликата од детството. Пред настапот (си) ја повтори песната.
3. Во школувањето ‒ остане во исто одделение, клас, година. Вториот клас го повтори.
Коњугација: повторат.
Изведени зборови:
- повторување, глаг. им. ср.
- се ~ повтори, 1. (обично несв.) Каже, направи нешто повторно во ист вид. Кога ќе се повториш, стануваш здодевен. Немајќи со нешто ново да се претстави, почна да се повторува. 2. а) (само 3 л.) Се случи пак, повторно. Земјотресот се повтори неколку пати. б) Ми (ти, му ...) се Сонот му се повторил. Болеста му се повторила.
- (се) повторува, глаг. несв. (се) повторуваат
Оригинални податоци:
повтори, повторат св. 1. Направи нешто (кажано, извршено итн.) исто по втор пат или повеќепати. Го повтори прашањето. Ја повтори лекцијата. Повтори постапка. Повтори успех. Повтори грешка. 2. Обнови во мислите нешто (кажано, научено, видено итн.), обично со заменката си. И тогаш си ги повтори зборовите на учителот. Си ја повтори сликата од детството. Пред настапот (си) ја повтори песната. 3. Во школувањето ‒ остане во исто одделение, клас, година. Вториот клас го повтори. ● се ~ 1. (обично несв.) Каже, направи нешто повторно во ист вид. Кога ќе се повториш, стануваш здодевен. Немајќи со нешто ново да се претстави, почна да се повторува. 2. а) (само 3 л.) Се случи пак, повторно. Земјотресот се повтори неколку пати. б) Ми (ти, му ...)се ~ Сонот му се повторил. Болеста му се повторила. ‖ (се) повторува, (се) повторуваат несв. ‖ глаг. им. повторување ср.