позадржи

Глагол, свршен

Значење на позадржи:

1. Задржи, подржи нешто малку, кратко време. Таа го позадржа за да не падне. Позадржи го малку и ти детево.

2. Задржи, спречи некого да замине во определено време; направи да остане подолго од предвиденото време. Ако одиме кај нив вечерва, тие ќе нè позадржат до утрото.

Коњугација: позадржат.

Изведени зборови:

  • се ~ позадржи, 1. Се задржи за нешто. Тој се позадржа за столбот за да не падне. 2. Се задржи, остане негде подолго од предвиденото време. Јас се позадржав по излозите, цел ден ми мина во шетање.
  • (се) позадржува, глаг. несв. (се) позадржуваат

Оригинални податоци:

позадржи, позадржат св. 1. Задржи, подржи нешто малку, кратко време. Таа го позадржа за да не падне. Позадржи го малку и ти детево. 2. Задржи, спречи некого да замине во определено време; направи да остане подолго од предвиденото време. Ако одиме кај нив вечерва, тие ќе нè позадржат до утрото. ● се ~ 1. Се задржи за нешто. Тој се позадржа за столбот за да не падне. 2. Се задржи, остане негде подолго од предвиденото време. Јас се позадржав по излозите, цел ден ми мина во шетање. ‖ (се) позадржува, (се) позадржуваат несв.