позаментерија

Именка, женски род

Само во еднина.

Значење на позаментерија:

1. Изработка на тантели, гајтани, украсни ленти, копчиња и сл. Сега позаментеријата е осовременета и сè се работи машински.

2. Работилница за изработка и за продажба на такви предмети. Во градот има една позаментерија.

Изведени зборови:

  • позаментериски, прид. позаментерискиот Позаментериска стока. Позаментериски производи.

Оригинални податоци:

позаментерија (само едн.) ж. 1. Изработка на тантели, гајтани, украсни ленти, копчиња и сл. Сега позаментеријата е осовременета и сè се работи машински. 2. Работилница за изработка и за продажба на такви предмети. Во градот има една позаментерија. ‖ позаментериски, позаментерискиот прид. Позаментериска стока. Позаментериски производи.