позапознае
Значење на позапознае:
1. Запознае некого или нешто малку подобро, малку повеќе; запознае 1, 2 и 3. Таа ги позапозна присутните со последните настани во градот.
Коњугација: (ќе) позапознаев , (ќе) позапознаеја , (ќе) позапознаел , позапознаа , позапознаат , позапознав , позапознаен, позапознај , позапознајте , позапознал , позапознат .
Изведени зборови:
- (се) позапознава, глаг. несв. (се) позапознаваат
- се ~ позапознае, Се запознае со некого или со нешто малку подобро, малку повеќе. Тие бргу се позапознаа, по неколку дена и имињата си ги помнеа. Тие се позапознаа со нашата економска состојба.
Оригинални податоци:
позапознае, позапознаат; позапознај, позапознајте; позапознав, позапознаа; позапознал; позапознат; (ќе) позапознаев, (ќе) позапознаеја; (ќе) позапознаел; позапознаен св. 1. Запознае некого или нешто малку подобро, малку повеќе; сп. запознае 1, 2 и 3. Таа ги позапозна присутните со последните настани во градот. ● се ~ Се запознае со некого или со нешто малку подобро, малку повеќе. Тие бргу се позапознаа, по неколку дена и имињата си ги помнеа. Тие се позапознаа со нашата економска состојба. ‖ (се) позапознава, (се) позапознаваат несв.