позбере
Значење на позбере:
1. а) Збере, собере донекаде нешто расфрлано. Девојчињата ги позбраа алиштата од собата. Веднаш по ручекот таа ќе ги позбере ронките од масата. б) Збере, насобере во некоја мера материјални средства. Јас позбрав малку пари за да им помогнам. Одвај позбраа пари за да го платат лекувањето.
2. Збере, збие, се смести во некаков простор. Тие ги позбраа нејзините работи во една кутија. Јас се позбрав малку на клупата за да седнат и другите.
Коњугација: (ќе) позбереа , (ќе) позберев , (ќе) позберел, позберат , позберете , позбери , позбраа , позбрав , позбрал , позбран .
Изведени зборови:
- се ~ позбере, Се збие, се збере, се стисне. Се позбраа сите деца во едно ќоше и глас не им се слушаше.
- (се) позберува, глаг. несв. (се) позберуваат
Оригинални податоци:
позбере, позберат; позбери, позберете; позбрав, позбраа; позбрал; позбран; (ќе) позберев, (ќе) позбереа; (ќе) позберел св. 1. а) Збере, собере донекаде нешто расфрлано. Девојчињата ги позбраа алиштата од собата. Веднаш по ручекот таа ќе ги позбере ронките од масата. б) Збере, насобере во некоја мера материјални средства. Јас позбрав малку пари за да им помогнам. Одвај позбраа пари за да го платат лекувањето. 2. Збере, збие, се смести во некаков простор. Тие ги позбраа нејзините работи во една кутија. Јас се позбрав малку на клупата за да седнат и другите. ● се ~ Се збие, се збере, се стисне. Се позбраа сите деца во едно ќоше и глас не им се слушаше. ‖ (се) позберува, (се) позберуваат несв.