позближи

Глагол, свршен

Значење на позближи:

1. Направи нешто да биде во понепосредна близина; приближи, зближи. Ги позближија масите една до друга.

2. (прен.) Развие поблиски, пријателски односи. Заедничкото патување ги позближи.

Коњугација: позближат.

Изведени зборови:

  • се ~ позближи, 1. Се најде многу поблиску еден до друг. Тие се позближија и се наредија во еден ред. 2. (прен.) Се зближи, се спријатели, стане близок со некого. Тие се позближија и си ги кажуваа тајните.

Оригинални податоци:

позближи, позближат св. 1. Направи нешто да биде во понепосредна близина; сп. приближи, зближи. Ги позближија масите една до друга. 2. (прен.) Развие поблиски, пријателски односи. Заедничкото патување ги позближи. ● се ~ 1. Се најде многу поблиску еден до друг. Тие се позближија и се наредија во еден ред. 2. (прен.) Се зближи, се спријатели, стане близок со некого. Тие се позближија и си ги кажуваа тајните.