поздрав
Значење на поздрав:
1. Зборови и вообичаено движење, гест (со рака, глава, тело) при средба или разделба како израз на пријателство, почит или формална пристојност. Проштален поздрав. Поздрав за добредојде. Примете поздрави. Срдечни и пријателски поздрави. Тоа беше пријателски поздрав со цврсто стегање рака.
2. Подарок, симболична порака како знак за почит или за милост. Поздрав ти праќам шарена шамија, да ја носиш да не ме заборавиш. Тој ми даде чоколадни бонбони и скап пијалак, поздрав од мајка му.
Множина: поздрави.
Оригинални податоци:
поздрав, мн. поздрави м. 1. Зборови и вообичаено движење, гест (со рака, глава, тело) при средба или разделба како израз на пријателство, почит или формална пристојност. Проштален поздрав. Поздрав за добредојде. Примете поздрави. Срдечни и пријателски поздрави. Тоа беше пријателски поздрав со цврсто стегање рака. 2. Подарок, симболична порака како знак за почит или за милост. Поздрав ти праќам шарена шамија, да ја носиш да не ме заборавиш. Тој ми даде чоколадни бонбони и скап пијалак, поздрав од мајка му.