пожар
Значење на пожар:
1. Оган што, уништувајќи сè пред себе, бргу се шири и тешко се гасне. Голем пожар зафати некои делови од шумата. Пожарите во полето не стивнуваат.
2. (прен.) а) Настан од големи размери (војна, епидемија итн.). Политичарите и некои загреани глави го предизвикаа пожарот на Балканот. б) Нагласена, бурна реакција предизвикана од некакви чувства. Пожарот во нашите срца не стивнуваше. Тоа беше пожар од идеи.
Множина: пожари.
Оригинални податоци:
пожар, мн. пожари м. 1. Оган што, уништувајќи сè пред себе, бргу се шири и тешко се гасне. Голем пожар зафати некои делови од шумата. Пожарите во полето не стивнуваат. 2. (прен.) а) Настан од големи размери (војна, епидемија итн.). Политичарите и некои загреани глави го предизвикаа пожарот на Балканот. б) Нагласена, бурна реакција предизвикана од некакви чувства. Пожарот во нашите срца не стивнуваше. Тоа беше пожар од идеи.