пожолти

Глагол, свршен

Значење на пожолти:

1. Направи да биде жолт. Мајсторот ги пожолти ѕидовите во кујната. Таа го пожолтила старото здолниште. Тешката болест го пожолти лицето на Дафина.

2. Стане жолт. Старата дуња пожолте. Алиштата пожолтеа.

3. Изгуби свежина, пребледи. Детето пожолте и се онесвести. Пожолтела, се свенала и пак прва на орото.

Коњугација: (го) пожолтив , (го) пожолтија , (го) пожолтил, пожолтат , пожолтеа , пожолтев , пожолтел , пожолтете , пожолти .

Изведени зборови:

  • пожолтува, глаг. несв. пожолтуваат
  • пожолтување, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

пожолти, пожолтат; пожолти, пожолтете; пожолтев, пожолтеа; пожолтел; (го) пожолтив, (го) пожолтија; (го) пожолтил св. 1. Направи да биде жолт. Мајсторот ги пожолти ѕидовите во кујната. Таа го пожолтила старото здолниште. Тешката болест го пожолти лицето на Дафина. 2. Стане жолт. Старата дуња пожолте. Алиштата пожолтеа. 3. Изгуби свежина, пребледи. Детето пожолте и се онесвести. Пожолтела, се свенала и пак прва на орото. ‖ пожолтува, пожолтуваат несв. ‖ глаг. им. пожолтување ср.