позлати

Глагол, свршен

Значење на позлати:

1. Стави позлата на некој предмет. Таа ги позлати обетките. Златарот ги позлати прстените.

2. (прен.) а) Направи да изгледа како злато. Есента ја позлати шумата над патот. б) Направи нешто благородно, добро. Сè што допре позлати. в) Направи некој да се збогати, му овозможи да стане богат. Го позлати купувајќи постојано само во неговиот дуќан.

Коњугација: позлатат.

Изведени зборови:

  • позлатување, глаг. им. ср.
  • се ~ позлати, (прен.) Стане, добие изглед како злато. Лицето ѝ се позлати од утринското сонце.
  • (се) позлатува, глаг. несв. (се) позлатуваат

Фразеолошки израз / поговорка:

Таа му го позлати патот ‒ овозможи некому полесно да достигне нешто. Устата да ти се позлати ‒ она што го зборува некој да стане вистина, реалност. Рацете да ти се позлатат ‒ благослов за добро сторени дела. Му се позлати работата ‒ добие материјална или друг вид корист.

Оригинални податоци:

позлати, позлатат св. 1. Стави позлата на некој предмет. Таа ги позлати обетките. Златарот ги позлати прстените. 2. (прен.) а) Направи да изгледа како злато. Есента ја позлати шумата над патот. б) Направи нешто благородно, добро. Сè што допре позлати. в) Направи некој да се збогати, му овозможи да стане богат. Го позлати купувајќи постојано само во неговиот дуќан. ● се ~ (прен.) Стане, добие изглед како злато. Лицето ѝ се позлати од утринското сонце. ◊ Таа му го позлати патот ‒ овозможи некому полесно да достигне нешто. Устата да ти се позлати ‒ она што го зборува некој да стане вистина, реалност. Рацете да ти се позлатат ‒ благослов за добро сторени дела. Му се позлати работата ‒ добие материјална или друг вид корист. ‖ (се) позлатува, (се) позлатуваат несв. ‖ глаг. им. позлатување ср.