познае
Значење на познае:
1. Знае, се сеќава на некого, според определени карактеристики му личи на некого. Штом го видов, го познав. Тие ќе го познаат по ликот дека е од нивниот род.
2. Сети нешто од сопствено искуство. Познал многу работи во животот. Познала што е страв и мака откако останала сама.
Коњугација: (ќе) познаев , (ќе) познаеја , (ќе) познаел , познаа , познаат , познав , познаен, познај , познајте , познал , познам и познаам , познат .
Изведени зборови:
- познавање, глаг. им. ср.
- (се) познава, глаг. несв. (се) познаваат
- се ~ познае, 1. Меѓу себе сфатиле кои се. Тие се познале веднаш. 2. (само 3 л.) Очигледно е. Се позна дека не ја зборува вистината.
Оригинални податоци:
познае, познам и познаам, познаат; познај, познајте; познав, познаа; познал; познат; (ќе) познаев, (ќе) познаеја; (ќе) познаел; познаен св. 1. Знае, се сеќава на некого, според определени карактеристики му личи на некого. Штом го видов, го познав. Тие ќе го познаат по ликот дека е од нивниот род. 2. Сети нешто од сопствено искуство. Познал многу работи во животот. Познала што е страв и мака откако останала сама. ● се ~ 1. Меѓу себе сфатиле кои се. Тие се познале веднаш. 2. (само 3 л.) Очигледно е. Се позна дека не ја зборува вистината. ‖ (се) познава, (се) познаваат несв. ‖ глаг. им. познавање ср.