познава

Глагол, несвршен

Значење на познава:

1. Знае; има знаење, познавање; има сознание за нешто. Тие го познаваат целиот процес на производство. Тој ја познава македонската историја.

2. Има познанство со некого; знае некого; има сознание за некого. Тој ја познава девојката од гимназија. Таа го познава како добар мајстор.

3. Разбира, сфаќа, сеќава, распознава според определени карактеристики. Познаваше дека работите не се како што треба.

Коњугација: познаваат.

Изведени зборови:

  • се ~ познава, 1. Има познанство со некого, заемно се знае, има познанство. Тие се познаваа од деца. 2. Се знае себеси. Тој си се познава себеси многу добро. 3. Се гледа, очигледно е (само 3 л.). Се познава дека е болен. Се познава дека лаже.

Фразеолошки израз / поговорка:

Денот по утрото се познава ‒ од почетокот се навестува каков е некој или како ќе се одвива нешто. Човекот на маката се познава ‒ кога е тешко, се познава каков е човекот.

Оригинални податоци:

познава, познаваат несв. 1. Знае; има знаење, познавање; има сознание за нешто. Тие го познаваат целиот процес на производство. Тој ја познава македонската историја. 2. Има познанство со некого; знае некого; има сознание за некого. Тој ја познава девојката од гимназија. Таа го познава како добар мајстор. 3. Разбира, сфаќа, сеќава, распознава според определени карактеристики. Познаваше дека работите не се како што треба. ● се ~ 1. Има познанство со некого, заемно се знае, има познанство. Тие се познаваа од деца. 2. Се знае себеси. Тој си се познава себеси многу добро. 3. Се гледа, очигледно е (само 3 л.). Се познава дека е болен. Се познава дека лаже. ◊ Денот по утрото се познава ‒ од почетокот се навестува каков е некој или како ќе се одвива нешто. Човекот на маката се познава ‒ кога е тешко, се познава каков е човекот.