прачка
Значење на прачка:
1. Тенка гранка исчистена од ситните гранчиња и од лисјето. Во раката држеше прачка. Плотот беше направен од лескови прачки.
2. Страк од лоза, лозова пенушка. Се исушиле уште неколку прачки во лозјето. Имал лозјенце од стотина прачки.
3. Млада билка што служи за расадување; садница.
4. (прен.) Долг и тенок предмет налик на стап направен од метал или од друг материјал. Железна прачка. Злато во прачки.
Множина: прачки.
Фразеолошки израз / поговорка:
Буцни прачка, пиј вино ‒ не може наеднаш да се постигне нешто, за сè треба време и работа.
Оригинални податоци:
прачка, мн. прачки ж. 1. Тенка гранка исчистена од ситните гранчиња и од лисјето. Во раката држеше прачка. Плотот беше направен од лескови прачки. 2. Страк од лоза, лозова пенушка. Се исушиле уште неколку прачки во лозјето. Имал лозјенце од стотина прачки. 3. Млада билка што служи за расадување; садница. 4. (прен.) Долг и тенок предмет налик на стап направен од метал или од друг материјал. Железна прачка. Злато во прачки. ◊ Буцни прачка, пиј вино ‒ не може наеднаш да се постигне нешто, за сè треба време и работа.