прадедо

Именка, машки род

Значење на прадедо:

1. Татко на дедо или баба. Неговиот прадедо бил богат човек.

2. (обично во мн.) Предок. Ја чуваше пушката останата од прадедовците.

Множина: прадедовци, предедовци.

Алтернативно: предедо

Изведени зборови:

  • прадедовски, прид. прадедовскиот -- предедовски, предедовскиот

Фразеолошки израз / поговорка:

Од деди-прадеди (деди-предеди), од деда-прадеда (деда-предеда) останало ‒ за нешто што останало од памтивек, од дамнина, од старо време.

Оригинални податоци:

прадедо, мн. прадедовци и предедо, мн. предедовци м. 1. Татко на дедо или баба. Неговиот прадедо бил богат човек. 2. (обично во мн.) Предок. Ја чуваше пушката останата од прадедовците. ◊ Од деди-прадеди (деди-предеди), од деда-прадеда (деда-предеда) останало ‒ за нешто што останало од памтивек, од дамнина, од старо време. ‖ прадедовски, прадедовскиот / предедовски, предедовскиот прид.