праг
Значење на праг:
1. Дебела греда (од дрво, камен или метал) што лежи пред долниот дел од вратата. Куќен праг. Камен праг. Застана на прагот. Седна на прагот.
2. Дрвена греда што служи како подлога и ги држи железничките или трамвајските шини. Железнички прагови. Зачекори меѓу праговите на пругата. Возот иташе по шините, врзани со прагови.
3. Карпеста преграда во речно корито преку кое паѓа водата во вид на слапови. Реката прелеа преку своите каменести прагови.
4. (прен.) а) Куќа, дом. Се заколна дека нема да престапи татков праг. Оди од праг до праг и прашува за мене. б) Родна земја, татковина. Не напуштајте го родниот праг! в) Место низ кое се влегува, врата, влез. Застана пред прагот на хотелот. Стигна пред прагот на дворецот. Стоеја на прагот на пештерата.
5. (прен.) Почеток на нешто, на некакво дејство или состојба. На прагот од животот. На прагот од смртта. На прагот од староста. Летото е на прагот.
Множина: прага, прагови.
Фразеолошки израз / поговорка:
Горни и долни праг ‒ горната и долната хоризонтална страна на вратата. Прагот нејќам да му го престапам (пречекорам) ‒ не сакам дома да му влезам. Куќниот праг е највисока планина ‒ човек тешко се одлучува да влезе во туѓа куќа. Додека не го чукне (човек) горниот праг, не може да го види долниот ‒ на човек му доаѓа паметот откако ќе удри со главата в ѕид.
Оригинални податоци:
праг, мн. прагови, избр. мн. прага м. 1. Дебела греда (од дрво, камен или метал) што лежи пред долниот дел од вратата. Куќен праг. Камен праг. Застана на прагот. Седна на прагот. 2. Дрвена греда што служи како подлога и ги држи железничките или трамвајските шини. Железнички прагови. Зачекори меѓу праговите на пругата. Возот иташе по шините, врзани со прагови. 3. Карпеста преграда во речно корито преку кое паѓа водата во вид на слапови. Реката прелеа преку своите каменести прагови. 4. (прен.) а) Куќа, дом. Се заколна дека нема да престапи татков праг. Оди од праг до праг и прашува за мене. б) Родна земја, татковина. Не напуштајте го родниот праг! в) Место низ кое се влегува, врата, влез. Застана пред прагот на хотелот. Стигна пред прагот на дворецот. Стоеја на прагот на пештерата. 5. (прен.) Почеток на нешто, на некакво дејство или состојба. На прагот од животот. На прагот од смртта. На прагот од староста. Летото е на прагот. ◊ Горни и долни праг ‒ горната и долната хоризонтална страна на вратата. Прагот нејќам да му го престапам (пречекорам) ‒ не сакам дома да му влезам. Куќниот праг е највисока планина ‒ човек тешко се одлучува да влезе во туѓа куќа. Додека не го чукне (човек) горниот праг, не може да го види долниот ‒ на човек му доаѓа паметот откако ќе удри со главата в ѕид.