прагматика

Именка, женски род

Само во еднина.

Значење на прагматика:

1. Постапки, ред, распоред во деловната дејност.

2. (лингв.) Проучување на јазикот кое ги истражува јазичните единици од аспект на неговите корисници во однос на дилемите во употребата на јазичните средства, на тешкотиите, пречките во јазичното општење, на намерите и дејството на корисниците на јазикот во актот на општењето.

Оригинални податоци:

прагматика (само едн.) ж. 1. Постапки, ред, распоред во деловната дејност. 2. (лингв.) Проучување на јазикот кое ги истражува јазичните единици од аспект на неговите корисници во однос на дилемите во употребата на јазичните средства, на тешкотиите, пречките во јазичното општење, на намерите и дејството на корисниците на јазикот во актот на општењето.