практичен
Значење на практичен:
1. Што се однесува на практика Практичен живот. Практична работа. Практично значење.
2. Што се однесува на примена во практиката на определена наука или систем од знаења. Практична математика.
3. Што има практика, искуство во нешто, што е вешт, снаодлив, опитен. Практичен човек.
4. Што е удобен, корисен, згоден за употреба. Практична алатка. Практични методи.
Членувана форма: практичниот.
Изведени зборови:
- практично, прил. На работите треба да се гледа практично.
- практичност, и. ж.
Оригинални податоци:
практичен, практичниот прид. 1. Што се однесува на практика 1. Практичен живот. Практична работа. Практично значење. 2. Што се однесува на примена во практиката на определена наука или систем од знаења. Практична математика. 3. Што има практика, искуство во нешто, што е вешт, снаодлив, опитен. Практичен човек. 4. Што е удобен, корисен, згоден за употреба. Практична алатка. Практични методи. ‖ практично прил. На работите треба да се гледа практично. ‖ практичност ж.