прамен

Именка, машки род

Значење на прамен:

1. Кичер, перчин коса. Еден прамен од косата му паѓаше преку очите. Неколку прамни коса ѝ излегуваа од под шамијата.

2. Ракатка волна. Овде-онде по снегот имаше расфрлани прамни волна.

3. (прен.) Тенка, долга линија како одраз на нешто. Во собата влегуваше прамен светлина. Гората тонеше во прамни магла.

Множина: прамни.

Изведени зборови:

  • праменче, и. ср. мн. праменчиња; прамче, мн. прамчиња дем.

Оригинални податоци:

прамен, мн. прамни м. 1. Кичер, перчин коса. Еден прамен од косата му паѓаше преку очите. Неколку прамни коса ѝ излегуваа од под шамијата. 2. Ракатка волна. Овде-онде по снегот имаше расфрлани прамни волна. 3. (прен.) Тенка, долга линија како одраз на нешто. Во собата влегуваше прамен светлина. Гората тонеше во прамни магла. ‖ праменче, мн. праменчиња; прамче, мн. прамчиња ср. дем.