пранга
Обично во множина. Зборот ретко се користи.
Значење на пранга:
1. (арх.) оков Фатените бунтовници ги оковаа во пранги. Го водеа низ градот со прангии на нозете.
2. (прен.) Силна зависност, потчинетост, безизлезност. Народот не можеше да се ослободи од прангите на тешкото ропство. Тој се најде во прангите на смртта.
Множина: пранги, прангии.
Алтернативно: прангија
Оригинални податоци:
пранга, мн. пранги и (ретко) прангија, мн. прангии ж. (обично во мн.) 1. (арх.) сп. оков 1. Фатените бунтовници ги оковаа во пранги. Го водеа низ градот со прангии на нозете. 2. (прен.) Силна зависност, потчинетост, безизлезност. Народот не можеше да се ослободи од прангите на тешкото ропство. Тој се најде во прангите на смртта.