прасе
Значење на прасе:
1. (зоол.) Мало, младо свињче. Свињата роди три прасиња.
2. (разг., прен.) За човек ‒ извалкан, нечист човек што не се грижи за својот надворешен изглед. Види се какво прасе си станал!
Множина: прасиња.
Фразеолошки израз / поговорка:
Бодликаво прасе ‒ (зоол.) Диво животно од фамилијата глодари, обраснато по телото со остри, црнобели боцки; Hystrix cristata. Морско прасе ‒ (зоол.) Глодар што обично се употребува за биолошки експерименти или се чува како милениче; Cavia cobaya.
Оригинални податоци:
прасе, мн. прасиња ср. 1. (зоол.) Мало, младо свињче. Свињата роди три прасиња. 2. (разг., прен.) За човек ‒ извалкан, нечист човек што не се грижи за својот надворешен изглед. Види се какво прасе си станал! ◊ Бодликаво прасе ‒ (зоол.) Диво животно од фамилијата глодари, обраснато по телото со остри, црнобели боцки; Hystrix cristata. Морско прасе ‒ (зоол.) Глодар што обично се употребува за биолошки експерименти или се чува како милениче; Cavia cobaya.