праша

Глагол, свршен

Значење на праша:

1. а) Постави прашање некому, се обрне кон некого усно или писмено со прашање. Тој се сврте кон неа и ја праша: ‒ Што мислиш за ова? Дали може да дојдам и јас? ‒ праша детето. Сè што не знаеш, прашај ме. б) Постави прашање за некого или за нешто, во врска со некого или со нешто. Таа ме праша кога ќе се вратам дома. Тие го прашаа за политиката во земјата. Тој заборави што треба да праша.

2. Испита, испраша некого, провери нечие знаење со поставување прашање. Учителот ги праша сите за последната лекција. Професорката ме праша на цел материјал.

3. Спроведе истрага, провери веродостојност со поставување прашање. Полицијата го праша каде ја сретнал девојката. Иследникот ја праша каква е нејзината врска со обвинетиот.

4. Консултира некого, побара, слушне нечие мислење, совет и сл. Таа го праша професорот за совет. Докторот го праша својот колега за болеста. Тие го прашаа адвокатот за понатамошната постапка.

Коњугација: прашаат.

Изведени зборови:

  • прашање, глаг. им. ср. прашање / прашување
  • се ~ праша, 1. Си постави прашање самиот себеси или еден на друг, размисли поставувајќи си прашање. Дали ќе се вратиш, не сум се прашал веќе. Тој пак се праша: ‒ Што да правам? Сите се прашаа како е можно тоа. 2. Има одговорност за нешто. Јас се прашам овдека. Директорот се прашаше за целата организација. 3. сп. праша 4. Оди, прашај се на лекар. Сè до нив се прашал.
  • (се) прашува, глаг. несв. (се) прашуваат

Фразеолошки израз / поговорка:

Не прашај гаталец, туку прашај паталец ‒ сп. гаталец.

Оригинални податоци:

праша, прашаат св. 1. а) Постави прашање некому, се обрне кон некого усно или писмено со прашање. Тој се сврте кон неа и ја праша: ‒ Што мислиш за ова? Дали може да дојдам и јас? ‒ праша детето. Сè што не знаеш, прашај ме. б) Постави прашање за некого или за нешто, во врска со некого или со нешто. Таа ме праша кога ќе се вратам дома. Тие го прашаа за политиката во земјата. Тој заборави што треба да праша. 2. Испита, испраша некого, провери нечие знаење со поставување прашање. Учителот ги праша сите за последната лекција. Професорката ме праша на цел материјал. 3. Спроведе истрага, провери веродостојност со поставување прашање. Полицијата го праша каде ја сретнал девојката. Иследникот ја праша каква е нејзината врска со обвинетиот. 4. Консултира некого, побара, слушне нечие мислење, совет и сл. Таа го праша професорот за совет. Докторот го праша својот колега за болеста. Тие го прашаа адвокатот за понатамошната постапка. ● се ~ 1. Си постави прашање самиот себеси или еден на друг, размисли поставувајќи си прашање. Дали ќе се вратиш, не сум се прашал веќе. Тој пак се праша: ‒ Што да правам? Сите се прашаа како е можно тоа. 2. Има одговорност за нешто. Јас се прашам овдека. Директорот се прашаше за целата организација. 3. сп. праша 4. Оди, прашај се на лекар. Сè до нив се прашал. ◊ Не прашај гаталец, туку прашај паталец ‒ сп. гаталец. ‖ (се) прашува, (се) прашуваат несв. ‖ глаг. им. прашање / прашување ср.