прашален
Значење на прашален:
1. Што содржи или изразува прашање. Прашален поглед. Прашален израз.
2. (грам.) Што означува, што претставува прашање. Прашален збор. Прашална реченица.
Членувана форма: прашалниот.
Изведени зборови:
- прашално, прил. Кон зн. 1. Го погледна прашално.
Оригинални податоци:
прашален, прашалниот прид. 1. Што содржи или изразува прашање. Прашален поглед. Прашален израз. 2. (грам.) Што означува, што претставува прашање. Прашален збор. Прашална реченица. ‖ прашално прил. Кон зн. 1. Го погледна прашално.