прашалник

Именка, машки род

Значење на прашалник:

1. Список, збир од прашања на кои треба да се одговори; квестионар. Секој кандидат пополнува прашалник. Дијалектолошки прашалници.

2. (грам.) Знак на интерпункцијата; знак за прашање. На крајот од прашалната реченица стои прашалник.

Множина: прашалници.

Фразеолошки израз / поговорка:

Е под прашалник ‒ за нешто што е несигурно, непотврдено, сомнително.

Оригинални податоци:

прашалник, мн. прашалници м. 1. Список, збир од прашања на кои треба да се одговори; квестионар. Секој кандидат пополнува прашалник. Дијалектолошки прашалници. 2. (грам.) Знак на интерпункцијата; знак за прашање. На крајот од прашалната реченица стои прашалник. ◊ Е под прашалник ‒ за нешто што е несигурно, непотврдено, сомнително.