прашање

Именка, среден род

Значење на прашање:

1. Збор или реченица со кои се прашува и се очекува одговор. Одговори на прашањето. Пратеничко прашање. Провокативни прашања.

2. Тоа за што се разговара, се преговара, се бара решение; проблем. Национално прашање. Социјално прашање. Станбено прашање. Јазично прашање.

3. Тоа што се однесува, што е поврзано со определена област, домен на работа, на дејствување. Прашање на вкус. Прашање на чест. Прашање на партијата.

Множина: прашања.

Фразеолошки израз / поговорка:

Болно прашање ‒ нешто сложено, замрсено, што тешко може да се реши. Жешко прашање ‒ нешто многу важно, актуелно, што предизвикува општ интерес. Животно прашање ‒ нешто што е од големо значење за или во животот на една личност. Отворено прашање ‒ нерешена работа. Спорно прашање ‒ работа за која постојат различни мислења, несогласувања. Во прашање е ‒ се работи, станува збор за некого или за нешто. Доведе во прашање ‒ за нешто што е неизвесно, несигурно, нејасно.

Оригинални податоци:

прашање, мн. прашања ср. 1. Збор или реченица со кои се прашува и се очекува одговор. Одговори на прашањето. Пратеничко прашање. Провокативни прашања. 2. Тоа за што се разговара, се преговара, се бара решение; проблем. Национално прашање. Социјално прашање. Станбено прашање. Јазично прашање. 3. Тоа што се однесува, што е поврзано со определена област, домен на работа, на дејствување. Прашање на вкус. Прашање на чест. Прашање на партијата. ◊ Болно прашање ‒ нешто сложено, замрсено, што тешко може да се реши. Жешко прашање ‒ нешто многу важно, актуелно, што предизвикува општ интерес. Животно прашање ‒ нешто што е од големо значење за или во животот на една личност. Отворено прашање ‒ нерешена работа. Спорно прашање ‒ работа за која постојат различни мислења, несогласувања. Во прашање е ‒ се работи, станува збор за некого или за нешто. Доведе во прашање ‒ за нешто што е неизвесно, несигурно, нејасно.