прати
Значење на прати:
1. Упати некого некаде со определена цел. Ја пратив ќерката на летување. Го прати детето на чаршија по леб. Фирмата ме прати на усовршување во странство.
2. Упати, достави некому нешто. Тој ѝ прати писмо на девојката. Родителите ми пратија пари по пошта. Тие ми го пратија багажот со брод.
3. Изрази почит, внимание кон некого (со зборови, со гест, писмено). Од прозорецот ѝ прати бакнеж. Им прати поздрав на родителите.
4. Зрачи, емитува зраци, сигнали и сл. Сателитите пратија сигнали до најдалечните места на земјата. Сонцето ги прати последните зраци и се скри зад хоризонтот.
5. Во состав со некои именки изразува дејство во однос со значењето на именката. Прати во пензија. Прати во војска. Прати в затвор. Прати на суд.
Коњугација: пратат.
Изведени зборови:
- праќа, глаг. несв. праќаат
- праќање, глаг. им. ср.
Фразеолошки израз / поговорка:
Како господ да те пратил! ‒ дојде токму навреме, во вистинскиот час. Го прати доврага (по ѓаволите) ‒ обично во лутина, за изразување незадоволство.
Оригинални податоци:
прати, пратат св. 1. Упати некого некаде со определена цел. Ја пратив ќерката на летување. Го прати детето на чаршија по леб. Фирмата ме прати на усовршување во странство. 2. Упати, достави некому нешто. Тој ѝ прати писмо на девојката. Родителите ми пратија пари по пошта. Тие ми го пратија багажот со брод. 3. Изрази почит, внимание кон некого (со зборови, со гест, писмено). Од прозорецот ѝ прати бакнеж. Им прати поздрав на родителите. 4. Зрачи, емитува зраци, сигнали и сл. Сателитите пратија сигнали до најдалечните места на земјата. Сонцето ги прати последните зраци и се скри зад хоризонтот. 5. Во состав со некои именки изразува дејство во однос со значењето на именката. Прати во пензија. Прати во војска. Прати в затвор. Прати на суд. ◊ Како господ да те пратил! ‒ дојде токму навреме, во вистинскиот час. Го прати доврага (по ѓаволите) ‒ обично во лутина, за изразување незадоволство. ‖ праќа, праќаат несв. ‖ глаг. им. праќање ср.