прав

Именка, машки род

Значење на прав:

1. Множество од многу ситни честички, од органско и неорганско потекло, кои поради својата мала тежина лесно се движат во воздухот и паѓаат на површината. Тутунов прав. Децата играа во правта. Не кревај прав! Од ветрот се кренаа правови.

2. Множество од ситни честички вода или снег. Снежен прав.

Множина: правови.

Членувана форма: правот.

Алтернативно: правта

Изведени зборови:

  • прашец, и. м. (само едн.) дем.

Фразеолошки израз / поговорка:

Бел прав ‒ дрога. Цветен прав ‒ полен. Млеко во прав ‒ суво млеко претворено во прав поради конзервирање и полесен транспорт. Стори прав и пепел ‒ уништи, разурне нешто. Крене прав ‒ предизвика интерес за некого или за нешто. Прав не дава да падне на него ‒ многу се грижи за некого. Ми (ти, му...) фрла прав в очи ‒ лаже, мами некого.

Оригинални податоци:

прав, правот и правта мн. правови м. и ж. 1. Множество од многу ситни честички, од органско и неорганско потекло, кои поради својата мала тежина лесно се движат во воздухот и паѓаат на површината. Тутунов прав. Децата играа во правта. Не кревај прав! Од ветрот се кренаа правови. 2. Множество од ситни честички вода или снег. Снежен прав. ◊ Бел прав ‒ дрога. Цветен прав ‒ полен. Млеко во прав ‒ суво млеко претворено во прав поради конзервирање и полесен транспорт. Стори прав и пепел ‒ уништи, разурне нешто. Крене прав ‒ предизвика интерес за некого или за нешто. Прав не дава да падне на него ‒ многу се грижи за некого. Ми (ти, му...) фрла прав в очи ‒ лаже, мами некого. ‖ прашец (само едн.) м. дем.