правда
Само во еднина.
Значење на правда:
1. Тоа што секому припаѓа според определен закон или заслуга; законитост, справедливост, правдина. Божја правда. Бара правда. Министерство за правда.
2. (книж.) Тоа што одговара на стварноста. Историска правда.
Фразеолошки израз / поговорка:
Дели правда ‒ (разг.) суди, донесува пресуда.
Оригинални податоци:
правда (само едн.) ж. 1. Тоа што секому припаѓа според определен закон или заслуга; законитост, справедливост, правдина. Божја правда. Бара правда. Министерство за правда. 2. (книж.) Тоа што одговара на стварноста. Историска правда. ◊ Дели правда ‒ (разг.) суди, донесува пресуда.