правец
Значење на правец:
1. Замислена линија на движење насочена кон определена цел; насока. Спротивен правец. Непознат правец. Погрешен правец. Трчаше во правец на селото. Заминаа во различни правци.
2. (прен.) а) Пат на развој, тек, насока на определена работа, појава, дејство и сл. Тоа е обусловено од правецот на развој на нашата култура. Новото време носи нови правци и во науката. б) Определен став, поглед, сфаќање што ги поврзува луѓето (писатели, сликари, филозофи и др.) со исти идеи, цели и методи на работа. Структуралистички правец. Книжевен правец. Аналитички правец.
Множина: правци.
Фразеолошки израз / поговорка:
Во тој правец ‒ во таа смисла.
Оригинални податоци:
правец, мн. правци м. 1. Замислена линија на движење насочена кон определена цел; насока. Спротивен правец. Непознат правец. Погрешен правец. Трчаше во правец на селото. Заминаа во различни правци. 2. (прен.) а) Пат на развој, тек, насока на определена работа, појава, дејство и сл. Тоа е обусловено од правецот на развој на нашата култура. Новото време носи нови правци и во науката. б) Определен став, поглед, сфаќање што ги поврзува луѓето (писатели, сликари, филозофи и др.) со исти идеи, цели и методи на работа. Структуралистички правец. Книжевен правец. Аналитички правец. ◊ Во тој правец ‒ во таа смисла.