правен 2

Придавка

Значење на правен:

1. Што се однесува на право. Правен факултет. Правен систем. Правни односи.

2. Што се заснова врз некакво право. Правно решение. Правна основа. Правни последици.

Членувана форма: правниот.

Изведени зборови:

  • правно, прил. Правно оформен документ.

Фразеолошки израз / поговорка:

Правен лек ‒ можност за преиспитување или укинување на пресуда по поднесена жалба. Правно лице ‒ установа, претпријатие, организација и сл. што претставува деловен и правен субјект.

Оригинални податоци:

правен2, правниот прид. 1. Што се однесува на право. Правен факултет. Правен систем. Правни односи. 2. Што се заснова врз некакво право. Правно решение. Правна основа. Правни последици. ◊ Правен лек ‒ можност за преиспитување или укинување на пресуда по поднесена жалба. Правно лице ‒ установа, претпријатие, организација и сл. што претставува деловен и правен субјект. ‖ правно прил. Правно оформен документ.