прави

Глагол, несвршен

Значење на прави:

1. Изработува, произведува (самиот или преку друг) нешто. Прави чевли. Прави прозорци. Прави куќа. Ластовичката прави гнездо.

2. Во состав со разни именки означува дејство во врска со значењето на именката: а) Значи исто што и глаголот образуван од именка (на пр., прави споредба ‒ споредува). Тој прави вежби секое утро. Прави посета. Прави услуга. Прави шега. Прави разговор. Прави забелешка. Прави разлика. Прави планови. б) Готви, меси, пржи и сл. Таа правеше ручек за гостите. Тој прави боза од пченкарно брашно. Бабата ни правеше зелник. в) Тестира, испрашува некого преку тест. Утре правиме тест по физика. Нашето одделение правеше контролна задача по математика. г) Е причина за нешто. Прави проблеми. Прави штета. Прави раздор. д) Организира, приредува нешто. Прави свадба. Прави приредба. Прави забава.

3. Работи, се занимава, постапува. Што да правам сега? Што правиш во недела? Прави како што сакаш. Нема друго што да правиш. Како си, што правиш? Правеше онака како што правеа и другите.

4. а) Доведува некого во некаква состојба или положба. Таа го прави нервозен. Вежбањето го прави млад. Брадата го прави постар. б) (разг.) Подготвува, оспособува некого за нешто. Ќе го прават претседател на партијата. Сакаше синот поп да го прави. Те правам човек, а ти вака ми враќаш. в) (разг.) Претставува некого таков каков што не е. Ме правиш побогат отколку што сум. Го правеше дека многу знае, ама не знаел. Немој да ми го правиш голем мајстор. Немој да ме правиш будала.

5. За возраст, години ‒ има, полни, навршува. Денес син ми прави десет години. Оваа зима правам триесет и три години. До година правиме десет години брак.

6. а) За математички операции ‒ пресметува, изнесува, чини. Сето тоа прави илјада денари. Три и три прават шест. б) Влегува во состав, формира некоја целина. Неговиот имот го прават куќата и лозјето.

Конјугација: прават.

Изведени зборови:

  • се ~ прави, 1. Се прикажува, се покажува во некаква состојба. Се прави големец, а е никој и ништо. Се прави улав. Се прави важен. 2. Се преправа. Се прави како да не знае. Се правеше дека спие. Се правев дека не го слушам. 3. Ми (ти, му...) се прави нешто, изразува желба да стори нешто. Му се правеше лозје на ридот. Му се прави нова куќа. Му се прави една прошетка по полето.

Фразеолошки израз / поговорка:

Ми (ти, му...) прави чест ‒ почитува некого. Прави пат ‒ дава предност некому, отстапува пред некого. Прави лице ‒ се преправа, глуми пред некого. Прави политика ‒ угодува некому поради лична корист. Прави пари ‒ добро заработува. Прави здраво‒живо ‒ се поздравува. Прави друштво ‒ придружува, разонодува некого. Прави сцена ‒ се однесува непристојно, недолично. Од конец ортома прави ‒ преувеличува, од ситница прави голема работа. Од готово прави вересија ‒ расипува веќе завршена работа. И ноќта ден ја прави ‒ работи неуморно, постојано. Крвта вода не се прави ‒ сп. вода. (Не) ми (ти, му...) се прави ќеф ‒ (не) ми причинува задоволство нешто. Си прави Бајрам со умот ‒ фантазира, се занесува. Се прави на Тошо ‒ се преправа дека не видел, дека не знае.

Оригинални податоци:

прави, прават несв. 1. Изработува, произведува (самиот или преку друг) нешто. Прави чевли. Прави прозорци. Прави куќа. Ластовичката прави гнездо. 2. Во состав со разни именки означува дејство во врска со значењето на именката: а) Значи исто што и глаголот образуван од именка (на пр., прави споредба ‒ споредува). Тој прави вежби секое утро. Прави посета. Прави услуга. Прави шега. Прави разговор. Прави забелешка. Прави разлика. Прави планови. б) Готви, меси, пржи и сл. Таа правеше ручек за гостите. Тој прави боза од пченкарно брашно. Бабата ни правеше зелник. в) Тестира, испрашува некого преку тест. Утре правиме тест по физика. Нашето одделение правеше контролна задача по математика. г) Е причина за нешто. Прави проблеми. Прави штета. Прави раздор. д) Организира, приредува нешто. Прави свадба. Прави приредба. Прави забава. 3. Работи, се занимава, постапува. Што да правам сега? Што правиш во недела? Прави како што сакаш. Нема друго што да правиш. Како си, што правиш? Правеше онака како што правеа и другите. 4. а) Доведува некого во некаква состојба или положба. Таа го прави нервозен. Вежбањето го прави млад. Брадата го прави постар. б) (разг.) Подготвува, оспособува некого за нешто. Ќе го прават претседател на партијата. Сакаше синот поп да го прави. Те правам човек, а ти вака ми враќаш. в) (разг.) Претставува некого таков каков што не е. Ме правиш побогат отколку што сум. Го правеше дека многу знае, ама не знаел. Немој да ми го правиш голем мајстор. Немој да ме правиш будала. 5. За возраст, години ‒ има, полни, навршува. Денес син ми прави десет години. Оваа зима правам триесет и три години. До година правиме десет години брак. 6. а) За математички операции ‒ пресметува, изнесува, чини. Сето тоа прави илјада денари. Три и три прават шест. б) Влегува во состав, формира некоја целина. Неговиот имот го прават куќата и лозјето. ● се ~ 1. Се прикажува, се покажува во некаква состојба. Се прави големец, а е никој и ништо. Се прави улав. Се прави важен. 2. Се преправа. Се прави како да не знае. Се правеше дека спие. Се правев дека не го слушам. 3. Ми (ти, му...) се прави нешто, изразува желба да стори нешто. Му се правеше лозје на ридот. Му се прави нова куќа. Му се прави една прошетка по полето. ◊ Ми (ти, му...) прави чест ‒ почитува некого. Прави пат ‒ дава предност некому, отстапува пред некого. Прави лице ‒ се преправа, глуми пред некого. Прави политика ‒ угодува некому поради лична корист. Прави пари ‒ добро заработува. Прави здраво‒живо ‒ се поздравува. Прави друштво ‒ придружува, разонодува некого. Прави сцена ‒ се однесува непристојно, недолично. Од конец ортома прави ‒ преувеличува, од ситница прави голема работа. Од готово прави вересија ‒ расипува веќе завршена работа. И ноќта ден ја прави ‒ работи неуморно, постојано. Крвта вода не се прави ‒ сп. вода. (Не) ми (ти, му...) се прави ќеф ‒ (не) ми причинува задоволство нешто. Си прави Бајрам со умот ‒ фантазира, се занесува. Се прави на Тошо ‒ се преправа дека не видел, дека не знае.