правилник

Именка, машки род

Значење на правилник:

1. Состав, збир од правила за начинот на кој треба да се одвива работата во еден колектив или да се извршува некаква дејност. Тарифен правилник. Правилник за оценување на учениците. Правилникот стапува во сила веднаш.

2. Книга што содржи такви правила. Правилникот за работа им е доставен на сите вработени.

Множина: правилници.

Оригинални податоци:

правилник, мн. правилници м. 1. Состав, збир од правила за начинот на кој треба да се одвива работата во еден колектив или да се извршува некаква дејност. Тарифен правилник. Правилник за оценување на учениците. Правилникот стапува во сила веднаш. 2. Книга што содржи такви правила. Правилникот за работа им е доставен на сите вработени.