правило

Именка, среден род

Значење на правило:

1. а) Одредба, принцип, пропис што се однесува на организацијата и начинот на работа, односите меѓу луѓето во една средина и сл. Ова правило треба сите да го почитуваат. Правила на службата. Христијански правила. б) (обично во мн.) Збир од такви одредби, прописи што го определуваат начинот на извршување на нешто. Правила на игра. Правила на бонтон.

2. Поставка заснована на постојаниот, непроменлив однос меѓу определени појави што изразува некаква законитост. Граматичко правило. Правописни правила. Исклучок од правилото.

Множина: правила.

Фразеолошки израз / поговорка:

Златно правило ‒ основно, најважно правило. По правило; Како правило ‒ најчесто, обично.

Оригинални податоци:

правило, мн. правила ср. 1. а) Одредба, принцип, пропис што се однесува на организацијата и начинот на работа, односите меѓу луѓето во една средина и сл. Ова правило треба сите да го почитуваат. Правила на службата. Христијански правила. б) (обично во мн.) Збир од такви одредби, прописи што го определуваат начинот на извршување на нешто. Правила на игра. Правила на бонтон. 2. Поставка заснована на постојаниот, непроменлив однос меѓу определени појави што изразува некаква законитост. Граматичко правило. Правописни правила. Исклучок од правилото. ◊ Златно правило ‒ основно, најважно правило. По правило; Како правило ‒ најчесто, обично.