право

Прилог

Значење на право:

1. По права линија, праволиниски. Одете само право и ќе стигнете. Тргна право дома. Седна право спроти него.

2. Директно, непосредно, точно. Гледаше право во нејзините очи. Погоди право во целта. Еве ме право овде.

3. (разг.) Веднаш, вчас. Сите право в кревет. Ајде, право на јадење.

4. Исправено. Ја напрчи опашката право нагоре. Застана право како свеќа. Право држи ја пушката.

5. Што е засновано на правда, на правина, праведно, правично. Така е право. Постапи право. Го поделија пленот како што е право.

6. Што одговара, што е според нечија желба. Ако не ти е право, жали се. Тој никогаш не се буни, сè му е право.

7. Што одговара на вистината, на реалноста, вистинито, точно. Да ви кажам право. Никој право не знае што се случило.

Оригинални податоци:

право прил. 1. По права линија, праволиниски. Одете само право и ќе стигнете. Тргна право дома. Седна право спроти него. 2. Директно, непосредно, точно. Гледаше право во нејзините очи. Погоди право во целта. Еве ме право овде. 3. (разг.) Веднаш, вчас. Сите право в кревет. Ајде, право на јадење. 4. Исправено. Ја напрчи опашката право нагоре. Застана право како свеќа. Право држи ја пушката. 5. Што е засновано на правда, на правина, праведно, правично. Така е право. Постапи право. Го поделија пленот како што е право. 6. Што одговара, што е според нечија желба. Ако не ти е право, жали се. Тој никогаш не се буни, сè му е право. 7. Што одговара на вистината, на реалноста, вистинито, точно. Да ви кажам право. Никој право не знае што се случило.