право
Значење на право:
1. (само едн.) Систем од правила и норми што ги регулираат односите меѓу луѓето и односите кон општеството, востановени од страна на владејачката класа или државата. Римско право. Буржоаско право. Социјалистичко право.
2. Збир од закони и прописи што се однесуваат на државното уредување, општествениот живот и дејност. Кривично право. Наследно право. Уставно право.
3. Она што му припаѓа на поединецот врз основа на законски одредби и прописи што ги гарантира државата. Право на глас. Право на школување. Авторско право. Станарско право. Политички права.
4. Можност, слобода да се постапува на определен начин. Има право да одговори. Има право на избор. Тоа ми дава право да се борам до крај. Нема право да згреши.
5. Законска основа, причина. Со кое право го барате тоа од мене? Со право барам дел од имотот. Со право гледаме во него наш водач.
6. Наука што ги изучува правните норми. Студира право. Доктор по право.
Множина: права.
Фразеолошки израз / поговорка:
Има/нема право за (на) нешто ‒ има/нема правна или морална основа за нешто (да направи, да присвои). Право на граѓанство ‒ сите права и должности што ги има граѓанинот на една земја.
Оригинални податоци:
право, мн. права ср. 1. (само едн.) Систем од правила и норми што ги регулираат односите меѓу луѓето и односите кон општеството, востановени од страна на владејачката класа или државата. Римско право. Буржоаско право. Социјалистичко право. 2. Збир од закони и прописи што се однесуваат на државното уредување, општествениот живот и дејност. Кривично право. Наследно право. Уставно право. 3. Она што му припаѓа на поединецот врз основа на законски одредби и прописи што ги гарантира државата. Право на глас. Право на школување. Авторско право. Станарско право. Политички права. 4. Можност, слобода да се постапува на определен начин. Има право да одговори. Има право на избор. Тоа ми дава право да се борам до крај. Нема право да згреши. 5. Законска основа, причина. Со кое право го барате тоа од мене? Со право барам дел од имотот. Со право гледаме во него наш водач. 6. Наука што ги изучува правните норми. Студира право. Доктор по право. ◊ Има/нема право за (на) нешто ‒ има/нема правна или морална основа за нешто (да направи, да присвои). Право на граѓанство ‒ сите права и должности што ги има граѓанинот на една земја.