правоверец
Значење на правоверец:
1. Тој што се придржува строго кон догмите на некоја вера, религија. Уште од мал беше вистински правоверец.
2. Тој што припаѓа на вера за која смета дека е права, вистинска. Сите правоверци беа во црквата и се молеа.
Множина: правоверници, правоверци.
Алтернативно: правоверник
Изведени зборови:
- правоверка, и. ж. мн. правоверки -- правоверница, мн. правоверници
Оригинални податоци:
правоверец, мн. правоверци и правоверник, мн. правоверници м. 1. Тој што се придржува строго кон догмите на некоја вера, религија. Уште од мал беше вистински правоверец. 2. Тој што припаѓа на вера за која смета дека е права, вистинска. Сите правоверци беа во црквата и се молеа. ‖ правоверка, мн. правоверки / правоверница, мн. правоверници ж.