празен
Значење на празен:
1. а) Што не е исполнет, наполнет со нешто, во кој нема ништо; полн. Празен амбар. Празна чаша. Празна кутија. Празно шише. б) Што не е пополнет, што е без текст. Празен лист. Празен формулар. Празна тетратка. в) Што не е натоварен со нешто, што е без товар. Празен камион. Празни вагони. Празни коњи. г) Што не е населен, во кој не живее никој, во кој нема никој. Празен град. Празно село. Празни улици. д) Што не е зафатен со нешто, запоседнат од некого. Празен кревет. Празен стан. Празна куќа. Празно место. ѓ) Што нема волја, желба за работа, што е безделен. Не стој празен, фати се за работа!
2. (прен.) а) Што нема значење, важност, што е бесмислен, бескорисен. Празен разговор. Празни зборови. Празни ветувања. б) Што е залуден, јалов, пуст. Празна надеж. Празна работа. Празна иднина. в) Што е нероден, неплоден, пуст. Празна земја. Празно поле. г) За поглед, очи ‒ што е безизразен, тап. Празен поглед. Празни очи. д) Што е без знаци на живот, што е неподвижен, безгласен. Празен простор. Празна темнина. ѓ) Што е сам, осамен, тажен. Се чувствува празна. Остана со празна душа.
3. (прен.) Што е лекомислен, ограничен, глупав. Празна глава. Празни луѓе.
4. (прен.) За ден, термин ‒ што е слободен. Немам ниту еден празен ден во неделата.
Членувана форма: празниот.
Изведени зборови:
- празно, прил. 1. За празен простор без луѓе или предмети, во кој нема никој или ништо; пусто. Во дворот беше празно. 2. (прен.) а) Безизразно, тапо. Гледаше празно во неа. б) Осамено, тажно. Му беше празно во душата. ◊ Во празно ‒ залудно, напразно.
- празност, и. ж.
Фразеолошки израз / поговорка:
На празен стомак ‒ гладен. Дојде со празни раце ‒ не донесе ништо. Остана со празни раце ‒ не доби ништо. Меле како празна воденица ‒ сп. воденица. Дроби празна слама ‒ сп. дроби.
Оригинални податоци:
празен, празниот прид. 1. а) Што не е исполнет, наполнет со нешто, во кој нема ништо; спрот. полн. Празен амбар. Празна чаша. Празна кутија. Празно шише. б) Што не е пополнет, што е без текст. Празен лист. Празен формулар. Празна тетратка. в) Што не е натоварен со нешто, што е без товар. Празен камион. Празни вагони. Празни коњи. г) Што не е населен, во кој не живее никој, во кој нема никој. Празен град. Празно село. Празни улици. д) Што не е зафатен со нешто, запоседнат од некого. Празен кревет. Празен стан. Празна куќа. Празно место. ѓ) Што нема волја, желба за работа, што е безделен. Не стој празен, фати се за работа! 2. (прен.) а) Што нема значење, важност, што е бесмислен, бескорисен. Празен разговор. Празни зборови. Празни ветувања. б) Што е залуден, јалов, пуст. Празна надеж. Празна работа. Празна иднина. в) Што е нероден, неплоден, пуст. Празна земја. Празно поле. г) За поглед, очи ‒ што е безизразен, тап. Празен поглед. Празни очи. д) Што е без знаци на живот, што е неподвижен, безгласен. Празен простор. Празна темнина. ѓ) Што е сам, осамен, тажен. Се чувствува празна. Остана со празна душа. 3. (прен.) Што е лекомислен, ограничен, глупав. Празна глава. Празни луѓе. 4. (прен.) За ден, термин ‒ што е слободен. Немам ниту еден празен ден во неделата. ◊ На празен стомак ‒ гладен. Дојде со празни раце ‒ не донесе ништо. Остана со празни раце ‒ не доби ништо. Меле како празна воденица ‒ сп. воденица. Дроби празна слама ‒ сп. дроби. ‖ празно прил. 1. За празен простор без луѓе или предмети, во кој нема никој или ништо; пусто. Во дворот беше празно. 2. (прен.) а) Безизразно, тапо. Гледаше празно во неа. б) Осамено, тажно. Му беше празно во душата. ◊ Во празно ‒ залудно, напразно. ‖ празност ж.