прч

Именка, машки род

Значење на прч:

1. Јарец.

2. (прен., разг.) Здрав човек, особено постар. Како прч е.

3. (прен., разг.) Женкар.

Множина: прчови.

Изведени зборови:

  • прче, и. ср. (само едн.) дем.; прчиште, аугм. и пејор.

Оригинални податоци:

прч, мн. прчови м. 1. Јарец. 2. (прен., разг.) Здрав човек, особено постар. Како прч е. 3. (прен., разг.) Женкар. ‖ прче (само едн.) ср. дем.; прчиште, мн. прчишта ср. аугм. и пејор.