пре- 1

Претставка

Значење на пре-:

Претставка / префикс за образување глаголи со следните значења.

Оригинални податоци:

пре-1 Претставка / префикс за образување глаголи со следните значења. 1. Насока на глаголското дејство преку или низ нешто, движење од едно место до друго, од една страна до друга: прегази, прелета, прерипне, префрли, пречекори, пребега, претрча, премести, премине, пренесе, преплива. 2. Повторно извршување на дејството, често и на подруг начин, поинаку: предипли, преигра, прекопа, прекрои, премеле, премете, прениже, преправи, препраша, преработи, пререши, пресними. 3. Извршување на дејството над вообичаената, нужната мера, претерано, често и со непожелни последици: превари, презрее, се прејаде, се препие, препече, пресуши, пресоли, преумори. 4. Поделба на предмет, разделување на два или на повеќе делови: превитка, прегради, прегризе, прекине, прекрши, пререже, пресече, престегне. 5. а) Опфаќање на предмет (по обемот): преврзе, преграби, прегрне, преклопи, препаше; б) Интензивно, сеопфатно извршување на дејството: пребара, премрзне, препати, препукне, преслуша, претрпи. 6. Престанување на дејството што било во тек; свршеност на дејството: преболи, преврне, прегрми, прежали, прекапе, прекриви, прелути, преврти, прегори, прегреши, преноќева, претопи, прецути.