пребара
Значење на пребара:
1. а) Избара, претресе сè за да најде некого или нешто. Детето пребара по џебовите. Тој ја пребара куќата. Полицијата ја пребара околината, но не го најде крадецот. б) Претресе некого барајќи нешто. Војниците го пребараа момчето, но ништо не му најдоа.
2. Бара повторно, уште еднаш. Овде барав еднаш, но ќе треба да пребарам.
Конјугација: пребараат.
Изведени зборови:
- пребарува, глаг. несв. пребаруваат 1. сп. пребара 1 и 2. 2. Бара многу, повеќе отколку што треба. Тој не само што бара туку и пребарува. ● се ~ сп. се пребара.
- пребарување, глаг. им. ср.
- се ~ пребара, Се претресе самиот себеси барајќи нешто. Пребарај се, може ќе ги најдеш парите во некој џеб.
Оригинални податоци:
пребара, пребараат св. 1. а) Избара, претресе сè за да најде некого или нешто. Детето пребара по џебовите. Тој ја пребара куќата. Полицијата ја пребара околината, но не го најде крадецот. б) Претресе некого барајќи нешто. Војниците го пребараа момчето, но ништо не му најдоа. 2. Бара повторно, уште еднаш. Овде барав еднаш, но ќе треба да пребарам. ● се ~ Се претресе самиот себеси барајќи нешто. Пребарај се, може ќе ги најдеш парите во некој џеб. ‖ пребарува, пребаруваат несв. 1. сп. пребара 1 и 2. 2. Бара многу, повеќе отколку што треба. Тој не само што бара туку и пребарува. ● се ~ сп. се пребара. ‖ глаг. им. пребарување ср.