пребере
Значење на пребере:
1. Собере и последното од тоа што го има, од тоа што е за собирање. Го пребравме тутунот. Пребраа сè што имаше по полето.
2. (прен.) Преживее нешто мачно, болно, страшно. Таа ноќ пребрав голем страв.
Конјугација: (ќе) пребереа , (ќе) преберев , (ќе) преберел , преберат , преберен, преберете , пребери , пребраа , пребрав , пребрал , пребран .
Фразеолошки израз / поговорка:
Му го пребра гајлето ‒ престане да се грижи за некого или за нешто.
Оригинални податоци:
пребере, преберат; пребери, преберете; пребрав, пребраа; пребрал; пребран; (ќе) преберев, (ќе) пребереа; (ќе) преберел; преберен св. 1. Собере и последното од тоа што го има, од тоа што е за собирање. Го пребравме тутунот. Пребраа сè што имаше по полето. 2. (прен.) Преживее нешто мачно, болно, страшно. Таа ноќ пребрав голем страв. ◊ Му го пребра гајлето ‒ престане да се грижи за некого или за нешто.