пребие

Глагол, свршен

Значење на пребие:

1. претепа. Ноќеска некој го фатил и го пребил.

2. Скрши на две или повеќе места. Тие му ја пребија раката.

3. За светлина, зрак ‒ прекрши. Ова ќе ги пребие зраците.

4. (екон.) Израмни, покрие долгови со побарувања преку финансиска и сл. операција. Не знаеше како да ги пребие трошоците.

Конјугација: (ќе) пребиев , (ќе) пребиеја , (ќе) пребиел , пребив , пребиен, пребиј , пребија , пребијат , пребијте , пребил .

Изведени зборови:

  • пребива, глаг. несв. пребиваат
  • пребивање, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

пребие, пребијат; пребиј, пребијте; пребив, пребија; пребил; (ќе) пребиев, (ќе) пребиеја; (ќе) пребиел; пребиен св. 1. в. претепа. Ноќеска некој го фатил и го пребил. 2. Скрши на две или повеќе места. Тие му ја пребија раката. 3. За светлина, зрак ‒ прекрши. Ова ќе ги пребие зраците. 4. (екон.) Израмни, покрие долгови со побарувања преку финансиска и сл. операција. Не знаеше како да ги пребие трошоците. ‖ пребива, пребиваат несв. ‖ глаг. им. пребивање ср.