преболи
Значење на преболи:
1. Оздрави, заздрави, закрепне. Откако преболел, му се вратил на стариот живот.
2. Победи болест, поднесе, издржи болка. Го преболе тифусот. Ја преболе болката поради разводот.
3. (прен.) Прежали, заборави некого или нешто. Таа никогаш не го преболе својот син.
4. (само во 3 л.) Престане да боли. Раната ќе боли и ќе преболи.
Конјугација: преболат , преболеа , преболев , преболел , преболен, преболете , преболи .
Изведени зборови:
- преболува, глаг. несв. преболуваат
- преболување, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
преболи, преболат; преболи, преболете; преболев, преболеа; преболел; преболен св. 1. Оздрави, заздрави, закрепне. Откако преболел, му се вратил на стариот живот. 2. Победи болест, поднесе, издржи болка. Го преболе тифусот. Ја преболе болката поради разводот. 3. (прен.) Прежали, заборави некого или нешто. Таа никогаш не го преболе својот син. 4. (само во 3 л.) Престане да боли. Раната ќе боли и ќе преболи. ‖ преболува, преболуваат несв. ‖ глаг. им. преболување ср.