преброи
Значење на преброи:
1. Изброи сè по ред. Ги преброи парите и ги стави во фиоката. Ги пребројаа овците во трлото.
2. Изброи повторно, уште еднаш. Преброј ги парите пред да му ги дадеш. Учителката пак ги преброи децата.
Конјугација: (ќе) преброев , (ќе) преброеја , (ќе) преброел, преброија , преброј , пребројаа и преброив , пребројав , пребројал и преброил , пребројан и преброен , пребројат , пребројте .
Изведени зборови:
- пребројување, глаг. им. ср.
- се ~ преброи, 1. Се изброи меѓу себе како дел од некоја целина. Групата се преброи. Ние се преброивме. 2. (прен.) Направи некаква пресметка согледувајќи ја сопствената состојба. Таа се преброи и виде дека нема пари за луксуз. Тој се преброи и сфати дека не може да се спротивстави.
- (се) пребројува, глаг. несв. (се) пребројуваат
Оригинални податоци:
преброи, пребројат; преброј, пребројте; пребројав, пребројаа и преброив, преброија; пребројал и преброил; пребројан и преброен; (ќе) преброев, (ќе) преброеја; (ќе) преброел св. 1. Изброи сè по ред. Ги преброи парите и ги стави во фиоката. Ги пребројаа овците во трлото. 2. Изброи повторно, уште еднаш. Преброј ги парите пред да му ги дадеш. Учителката пак ги преброи децата. ● се ~ 1. Се изброи меѓу себе како дел од некоја целина. Групата се преброи. Ние се преброивме. 2. (прен.) Направи некаква пресметка согледувајќи ја сопствената состојба. Таа се преброи и виде дека нема пари за луксуз. Тој се преброи и сфати дека не може да се спротивстави. ‖ (се) пребројува, (се) пребројуваат несв. ‖ глаг. им. пребројување ср.